Browsing: Финансии

Ова е пораката што министерката за финансии ја испрати од денешната прес-конференција на која беше презентирана новата платформа преку која граѓаните ќе имаат можност за увид во состојбата на долгот на државата

Во последните години, унгарскиот политички врв, преку една од словенечките банки и помагачи во Словенија, спроведува огромна меѓународна операција за политичко разузнавање и поддршка на медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ во Македонија. Целта на оваа операција е да се собори владата на Зоран Заев и Преспанскиот договор кој на Македонија и обезбеди членство во НАТО, пишува словенечкиот портал „necenzurirano.si“ 

Стапката од 15 отсто се става во мирување за наредните 36 месеци, период во кој ќе се применува стапка од 10 отсто за оданочување на доход од работа, доход од самостојна дејност, доход од авторски и сродни права, доход од продажба на сопствени земјоделски производи, доход од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и друг доход. Од 1 јануари се зголемува и прагот за ДДВ обврзник од милион денари на два милиони денари

Министерката за финансии посочи дека над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и дека за овие пет месеци се скенирани над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно

На комисиска расправа во Собранието за Буџетот за 2020 година, министерката за финансии излезе со ваков предлог како одговор на тврдењето на дел од пратениците на опозицијата дека нивните амандмани не се прифаќаат