Browsing: фудбал

„Црвените“ без Салах и Фирмино ги понижија Каталонците со 4:0 и втора година по ред ќе играат за титулата. По два гола на Вајналдум и на Ориги за огромно славје во градот на Битлси. Против кого ќе играат на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни ќе дознаат утревечер (21 ч.) по реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем. Мечот се игра во Амстердам, холандскиот тим има минимнални 1:0 од првата средба во Лондон

Објектот ќе има 168 соби, два ресторана, деловен центар, тератана, спа центар, базен, итн и трет е во сопственост на португалската фудбалска ѕвезда по оние што ги поседува во Фуншал на родната Мадеира и во Лисабон. За 2020 година планира да отвори упте два – во Мадрид и во Њујорк

„Граѓаните“, според финансиското истражување што го објави „Би-Би-Си“, „тежат“ 2,364 милијарди фунти или 277 милиони повеќе од градски ривал Манчестер јунајтед кој во текот на сезоната загуби 376 милиони и падна на второто место со 2.087 милијарди фунти

Каталонците славеа со 3:0 во првиот полуфинален меч во ЛШ што долго ќе остане во меморијата на Аргентинецот. На овој ист ден пред 14 години го постигна првиот гол за Барса, денеска му пресуди на Ливерпул со два со кои стигна до бројката од јубилејни 600 во кариерата. Притоа по јубилеен 100 пат ја носеше капитенската лента

Конечни 1:0 за „копјаниците“ со погодокот на Дони ван де Бек во 15. минута што е повеќе од одлична предност за составот на Ерик Тен Хаг за реваншот на „Амстердам арена“ наредната недела. Утревечер (среда, 21 ч.) на „Камп Ноу“ се игра и второто полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул