Browsing: фудбал

Низ целиот шампионат во Германија, раководството на Борусија Дортмунд ревносно ја бележеше посетата на натпреварите на домашен терен, па секој што не присуствувал на барем седум од 17 средби на „Вестфален“ остана без пропусница за наредната сезона

Успешна смена на генерации, „прошетка“ низ Д дивизијата во фудбалската Лига на нации, пласман во Ц конкуренцијата, полуфинале против Косово и одличен вовед во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Сето ова беа доволни факти за Фудбалската федерација на Македонија да го продолжи договорот со актуелниот селектор до крајот на наредната година

„Сините“ ја добија лондонската пресметка со 4:1 и по вторпат го подигнаа трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА по 2013 година кога во Амстердам ја поразија Бенфика. Сите пет гола на Олимпискиот стадион во Баку беа постигнати во второто полувреме. Двапати погоди Азар и по еднаш Жиру и Педро, поразот на „топчиите“ го ублажи Ивоби. Во сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем за трофејот во Лигата на шампиони

Дури ниту ироничната понуда за придружба со воен авион не можеше да влијае на Ерменецот да отпатува во Азербејџан и да заигра за „топчиите“ против „сините“ во вечерашниот меч за титула во Баку што почнува во 21 часот

Екипата од главниот град на Германија го слави историскиот успех по ремито без голови на домашен терен против Штутгарт (првата средба заврши 2:2), па поради постигнатите голови во гости е севкупен победник во бараж двомечот