Browsing: фудбал

Милан во јуни доби двегодишна забрана за настап во европските фудбалски натпреварувања поради кршење на правилото за финансиски ферплеј. „Росонерите“ ја обжалија таквата одлука во Судот за спортска арбитража во Лозана, пресудата беше во нивна корист, па вчера повторно станаа учесници во УЕФА Европа лигата за сезоната 2018/19

Чаирчани, и покрај нерешените 0:0, се елиминирани во првото квалификациско коло со оглед на триумфот на шкотскиот великан во првиот меч со 2:0. Хонвед, пак, убедливо ги порази дебармаалци со 4:0 и ги истера од Европа по само 180 одиграни минути

Преку 90.000 парижани се собраа под отворено небо за време на мечот за трофејот во Москва додека Ајфеловата кула беше затворена за посетители. Властите притоа распоредија 110.000 полицајци низ цела Франција и апелираа дека безбедноста зависи и од нивното однесување, а не само од припадниците на безбедносните служби

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, која попладнево игра против Франција во финале на СП во Русија, како петгодишно момче се појавува во секвенца од 1990 година во филм чиј потписник е Павле Баленовиќ, музичар, каскадер и вљубеник во природата, во волците, во Лика и во Велебит. Неговиот производ беше прикажан и на „Би-Би-Си“, но и на неверојатни 44.000 ТВ куќи во светот

Хрватскиот селектор го доведе националниот тим до работ на фудбалска бесмртност. На сцена стапи тивко, без помпа, но и со голема доза на скептичност во јавноста во поглед на неговиот капацитет за справување на карактерите на „коцкестите“ ѕвездички. Со настапите на СП во Русија ја зацементира својата позиција на клупата

Македонскиот првак го декласира ТНС со 5:0 во првиот натпревар правејќи го чиста формалност реваншот на 17 јули на „Парк Хол“ во Освестри. Повремениот репрезентативец се запиша во листата на стрелци во 38. минута, во 53. минута, во 61. минута и во 66. минута, петтиот за тетовци, прв на средбата, беше дело на Изаир Емини во 14. минута

Тетовци се фаворити во вечерашниот дуел на „Телеком арена“ чиј почеток е закажан од 20,15 часот. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) апелираат на фер и коректно навивање и на воздржаност од обиди за нарушување на јавниот ред и мир, во спротивно најавија нулта толеранција

Поранешниот тренер на Селта, на Барселона и на Рома го презема кормилото по турбулентниот период на националниот тим. На ден до почетокот на СП во Русија отказ му беше враќен на Хулен Лопетеги поради тајните преговори со Реал Мадрид, а по раната елиминација на мундијалот, оставка поднесе и Фернандо Јеро кој беше поставен како привремено решение