Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Културата си е култура, свест си е свест. Кај Јапонците важи во сите сфери, а дека е така стигна потврда…
„Лавовите од Теранга“, како што популарно ги нарекуваат, на „Откритие арена“ во Москва ја совладаа Полска со 2:1 и ги оживеаја спомените од пред 16 години кога со три бода го започнаа настапот на мундијалот во Јужна Кореја и во Јапонија по триумфот над Франција со 1:0
Исланѓаните, според спроведениот попис од 2016 година, се точно 334.252 житела, а само мал број од нив, односно 0,4 отсто, не беа крај малите екрани за време на настапот на нивните миленици против Лионел Меси и компанија во саботата на „Откритие арена“ во Москва
Српскиот тренер потпиша тригодишен договор со тимот од Лисабон. Една од неговите задачи ќе биде шампионската титула во Лига Примеира во која „зелено-белите“ од „Жозе Алваладе“ стадионот во изминатата сезона ја завршија зад Порто и Бенфика, но и смирување на тензиите во клубот по судирот на играчите со претседателот Бруно де Карвалјо
Благодарение на присебната реакција на пилотот, саудијските играчи, сепак, беа безбедно приземјени на аеродромот во градот на Дон каде во среда од 17 часот ќе играат против Уругвај во рамки на второто коло во групата А
Единствениот момент за одбележување на средбата во Нижни Новгород се случи во 65 минута. Искусниот дефанзивец Андреас Гранквист го претвори во гол пенал во 65 минута што беше досуден по асистенција на ВАР технологијат
Хуберт Вирт, страствен навивач на „панцирите“, на несекојдневен начин отпатува на Светското првенство во Русија. Делницата долга 2.400 километри ја возеше 30 дена со просечна брзина од 20 километри на час
„Коцкестите“ во целост се оправдаа во улога на фаворити и со автоголот на Огенекаро Етебо во 32. минута и на капитенот Лука Модриќ во 71. минута од пенал дојдоа до првите три бода на мундијалот
Скандинавската селекција го совлада Перу со 1:0 со погодокот на играчот на Лајпциг по асистенција на Кристијан Ериксен. Перуанците во финишот на првото полувреме не реализираа пенал и на крај скапо ги платија промашувања во првиот мундијалски настап по пауза од 36 години
Погодокот на Агеро во 19. минута го поништи Финбогасон во 23. минута и резултатот до крај остана непроменет. Меси не реализира пенал во 64. минута. Ударот од белата точка на ѕвездата на Барселона го одбрани Халдорсон
Франција ги совлада „сокероси“ со 2:1 со голот на Пол Погба во 81 минута, откако двете репрезентации добија по пенал од уругвајскиот судија Куња кој првиот го досуди по асистенција на ВАР технологијата
Пиринејските соседи одиграа 3:3 во олимписко Сочи, ѕвездата на Реал Мадрид го постигна 51. хет-трик во кариерата и стана само четвртиот играч што постигнувал голови на четири мундијали во низа по Уве Зелер, Пеле и Мирослав Клосе