Browsing: фудбал

Вокри не беше почитуван само на фудбалските терени во поранешната држава. Нему му припадна честа да биде и знаменосец на СФРЈ на Зимските олимписки игри во Сараево со 1984 година, во 1987 година беше прогласен за најдобар фудбалер на екс Југославија за чија репрезентација одигра 12 меча во кои постигна шест гола

„Персиските ѕвезди“ по петти пат ќе учествуваат на мундијалите на кои никогаш досега (СП 1978, СП 1998, СП 2006 и СП 2014) ја немаат минато групната фаза. До претстојниот стигнаа без примен гол во 12 квалификациски меча

За виновни во случајот се прогласени и тројца соработници – неговиот брат Зоран доби затворска казна на четири години и 11 месеци, Милан Пернар е осуден на четири години и два месеца, а Дамир Врбановиќ на три години. 

Египќаните ја имаат најтрофејната фудбалска репрезентација кога е во прашање африканскиот Куп на нации што го освојуваа седум пати низ историјата. Но, сосема е поинаква ситуацијата со Светските првенства. Претстојното во Русија ќе биде третo за нив што го чекаа од 1990 година и турнирот во Италија, откако за СП 2010 и за СП 2014 година беа запрени во бараж мечевите

Успехот на своја почва од 1930 година (во финалето ја совладаа Аргентина со 4:2), „Ла Селесте“ („небесно-сини“) го повторија и две децении подоцна во Бразил, а на последниот мундијал беа елиминирани во осминафиналето

„Зелените соколи“ важат за едни од најголемите аутсајдери на претстојниот мундијал. Низ квалификациите ги водеше Холанѓанецот Берт ван Марвајк, два месеци во подготвителниот период на кормилото се задржа Аргентинецот Едуардо Бауза, а на клупата на завршниот турнир ќе биде неговиот сонародник Хуан Антонио Пици

„Зборнаја“ стана европски шампион во 1960 година и заврши како четврта на мундијалот во 1966 година. Оттогаш без позабележителни резултати на големите фудбалски смотри, а на претстојната ќе биде и најслабо рангиран тим од сите 32 селекции

Влошувањето на здравствената состојба се случило во неговиот дом крај Карловац и со возило на итната медицинска помош веднаш беше превезен во болница каде е задржан на натамошни медицински испитувања

За клубот од Тетово ова е второ засилување по завршување на сезоната, откако претходно потпиша договор и со Ремзифаик Селмани. Во меѓувреме Шкендија ги продолжи договорите со дефанзивците Мевљан Мурати, Благоја Тодоровски, со Бесмир Бојку и со напаѓачот Изаир Емини