Browsing: фудбал

За виновни во случајот се прогласени и тројца соработници – неговиот брат Зоран доби затворска казна на четири години и 11 месеци, Милан Пернар е осуден на четири години и два месеца, а Дамир Врбановиќ на три години. 

Египќаните ја имаат најтрофејната фудбалска репрезентација кога е во прашање африканскиот Куп на нации што го освојуваа седум пати низ историјата. Но, сосема е поинаква ситуацијата со Светските првенства. Претстојното во Русија ќе биде третo за нив што го чекаа од 1990 година и турнирот во Италија, откако за СП 2010 и за СП 2014 година беа запрени во бараж мечевите

Успехот на своја почва од 1930 година (во финалето ја совладаа Аргентина со 4:2), „Ла Селесте“ („небесно-сини“) го повторија и две децении подоцна во Бразил, а на последниот мундијал беа елиминирани во осминафиналето

„Зелените соколи“ важат за едни од најголемите аутсајдери на претстојниот мундијал. Низ квалификациите ги водеше Холанѓанецот Берт ван Марвајк, два месеци во подготвителниот период на кормилото се задржа Аргентинецот Едуардо Бауза, а на клупата на завршниот турнир ќе биде неговиот сонародник Хуан Антонио Пици

„Зборнаја“ стана европски шампион во 1960 година и заврши како четврта на мундијалот во 1966 година. Оттогаш без позабележителни резултати на големите фудбалски смотри, а на претстојната ќе биде и најслабо рангиран тим од сите 32 селекции

Влошувањето на здравствената состојба се случило во неговиот дом крај Карловац и со возило на итната медицинска помош веднаш беше превезен во болница каде е задржан на натамошни медицински испитувања

За клубот од Тетово ова е второ засилување по завршување на сезоната, откако претходно потпиша договор и со Ремзифаик Селмани. Во меѓувреме Шкендија ги продолжи договорите со дефанзивците Мевљан Мурати, Благоја Тодоровски, со Бесмир Бојку и со напаѓачот Изаир Емини

Изненадувачкиот потег на Французинот доаѓа по неколку дена од третата титула во низа во Лигата на шампиони што „кралевите“ ја освоија во саботата на олимпискиот стадион во Киев по победата над Ливерпул со 3:1

Третата во низа „кралевите“ ја осигураа со триумф против Ливерпул со 3:1 во финалето во Киев пришто главна ѕвезда на Олимпискиот стадион во украинската престолнина вечерва беше Герет Бејл

И Португалецот и Египќанецот ќе истрчаат на Олимпискиот стадион во Киев со ефект од 44 гола во оваа сезона во сите натпреварувања. „Кралевите“ ќе атакуваат на 13. трофеј, за „црвените“, пак, е прв меч за титула по епскиот во Истанбул во 2005 година воп кој загубија од Милан на пенали. Шпанско-англиската пресметка за елитниот клупски трон на УЕФА е од 20.45 часот

Тетовци во финалето во Струмица го совладаа Пелистер со 3:0 за втор триумф во натпреварувањето, за одмазда за ланскиот пораз на пенали од битолчани, но и за прва двојна круна во клупската историја. Два погодока за „црвено-црните“ на стадионот „Младост“ вечерва постигна Висар Муслиу во 20. минута и во 72. минута, во меѓувреме (52. минута) во листата на стрелци се впиша и Бесарт Ибраими