Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без што може да остане Мамиќ: Брод, шуми, станови, Бентли, Ауди…

0
By Нова ТВ on June 6, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 6, 2018 22:15

Најмоќниот фудбалски работник на просторите на поранешна Југославија, Здравко Мамиќ е осуден на 6,5 години затвор за присвојување на 15,5 милиони евра од продажба на играчи на Динамо Загреб и за оштетување на хрватската државна каса за 1,6 милиони евра по основ на затајување на данок. За виновни во случајот се прогласени и тројца соработници – неговиот брат Зоран доби затворска казна на четири години и 11 месеци, Милан Пернар е осуден на четири години и два месеца, а Дамир Врбановиќ на три години.

Покрај затворските казни, како што пренесува хрватскиот портал „Индекс“, браќата Мамиќ ќе останат без автомобили од марката „бентли“ и „ауди“, две шуми, гаража, неколку станови, брод и ќе бидат блокирани нивните банкарски сметки. Но, постапка по заплена на имотот ќе следува по правосилност на судската пресуда.

Одлуката на Жупанискиот суд во Осиек, Здравко Мамиќ ја дочека во Томиславград, соседна БиХ, чие државјанство поседува. Во меѓувреме е издадена потерница по него и одреден му е истражен затвор со оглед дека изречената затворска казна е подолга од пет години.

„Мојот одговор ќе биде оружје што досега не е забележано на овие простори. Тоа не е оружје со кое се пука туку цивилизирано оружје. Не би сакал да сум во кожа на луѓето кои го „спакуваа“ сето ова и на крајот пресудија. Лично ќе се погрижам за моја одбрана, за одбрана и на моето семејство и на Динамо, за тие луѓе да спијат немирно и на крајот да завршат во затвор. Тие монструми кои така дрско осудија невин човек од денеска нема да спијат мирно“, порача Здравко Мамиќ на вонредната прес-конеференција во Меѓугорје.

Во случајот „Мамиќ“ е утврдено дека Динамо Загреб противправно ги премирал Лука Модриќ и Дејан Ловрен при нивните трансфери во Тотенхем, односно, Олимпик Лион со 50 отсто плус од вкупната вредност на договорите за сегашните ѕвезди на Реал Мадрид и на Ливерпул подоцна да морале да ги вратат парите кај Здравко Мамиќ.

Судскиот процес против хрватскиот фудбалски магнат почна на 27 април во 2017 година. Случајот го доби Жупанискиот суд во Осиек поради можно влијание на обвинетите во Жупанискиот суд во Загреб. Делото е опишано на 15.000 страници, во текот на истрагата се сослушани 97 сведоци, а УСКОК (Уред за сузбивање на корупција и организиран криминал) за предметот предложи дури 2,388 докази.

Хрватската полиција издаде налог за апсење на Здравко Мамиќ. Доколку се утврди дека до него не може да стигне, ќе биде распишана и меѓународна потерница.

БиХ затвор Здравко Мамиќ Осиек Суд фудбал Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026

  Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.