Browsing: фудбал
Хет-трик за Баварците постигна Роберт Левандовски во петтата минута, во 44. и во 87, во листата на стрелци се впишаа уште Родригез во 14., Милер во 23 и Рибери во 45.
Почнувајќи од наредната сезона, тренерите ќе имаат право да направат и четврта замена, но само во случај на продолженија, а финалистите ќе може да имаат до 12 резервни играчи што, на пример, е случај во Италија, пресметките во ЛШ и во ЛЕ од септември ќе почнуваат во 18,55 часот и во 21 часот, а клубовите во зимскиот преоден рок ќе добијат дозвола за промена до тројца фудбалери без никакви рестрикции
Пред медиумите во САД, каде наодамна потпиша за екипата на Лос Анџелес Галакси, напаѓачот јасно порача дека само од него зависи дали ќе се стави на располагање на селекторот Јане Андерсон за турнирот во Русија ова лето
Акцентот на инспекторите притоа е ставен на четири средби во сезоната 2015/16 од кои две во квалификациите за Лигата на шампиони и две во групната фаза во Лига Европа (ЛЕ) за кои, како што е наведено во извештајот, се забележани големи уплати на азискиот пазар
Ѕвездата на Барселона веќе има едно повлекување зад себе. Се збогува со националниот тим по поразот на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016 година меѓутоа подоцна се предомисли и повторно се стави на располагање на стручниот штаб
Барселона ги совлада лондонските „сини“ со 3:0 и ја комплетира четвртфиналната осумка во елитното натпреварување на УЕФА. Ждрепката е во петок во Нион
Шпанскиот состав од Андалузија ги елиминира „црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо по вечерашниот триумф на „Олд Трафорд“ со 2:1, Рома, пак, успеа да ја надополни негативата во однос на Украинците од првата средба во Харков
Такво сценарио би значело суспендирање на репрезентацијата на Грција и на клубовите од сите натпреварувања под капа на УЕФА и на ФИФА
„Бубамарата кај јужниот сосед е ставена во мирување по консултациите на премиерот Алексис Ципрас со заменик министерот за спорт, Јоргос Василијадис и доаѓа како последица скандалозниот потег на газдата на ПАОК, Иван Савидис кој со пиштол на појас влезе во терен за време на мечот со АЕК во Солун и сакаше да се пресмета со судиите
Телото на италијанскиот фудбалски репрезентативец ќе биде пренесено од Удине во Фиренца во текот на утрешниот ден и во договор со семејството ќе биде изложено во „Коверцијано“, тренинг центар на „виолетовите“ каде граѓаните, навивачите и пријателите ќе може да му оддадат последна почит. Погребот е закажан за утре во базиликата „Санта Кроче“ со почеток во 10 часот
Радикални новитети во најава за фудбалската сцена на Апенините. Италијанците ја копираат традицијата на Англичаните со натпревари пред и по католичкиот Божик. Планираните промени се однесуваат и на летните и на зимските преодни рокови кои се кратат и ќе завршат на 24 часа до почетокот на есенската и на пролетната полусезона
Португалецот се договори со руската ТВ станица „Раша Тудеј“ за воведните седум мундијалски денови и за ангажманот ќе наплати сума со седум бројки















