Browsing: фудбал
Подобри од „црвено-жолтите“ попладнево беа нивните врсници од Србија со 2:0. Стрелци на головите на стадионот во тренинг комплексот при ФФМ беа Лукиќ во 22 минута и Живковиќ во 37. Веќе во понеделник ќе следува гостување во Португалија кај селекцијата на Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019
Најголемата бразилска фудбалска ѕвезда во моментов, Нејмар, ги критикуваше условите за игра на Естадио Ернандо Силес во Ла Паз, по…
Барселона ќе биде принудена да одлучи во која фудбалска лига ќе настапува ако Каталонија стане независна република, изјави претседателот на…
Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за завршните мечеви во квалификациите за Светското првенство во 2018 година против Италија на 6 октомври во Торино и против Лихтенштајн три дена подоцна во Струмица. Првиот тренинг без Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски, во тимот се враќа Адис Јаховиќ
Тетовските „црвено-црни“ триумфираа „Под Тумбе кафе“ со 3:1 во рамки на деветтото коло од домашниот шампионат и дополнително се издвоија на врвот на табелата во однос Академија Пандев на второто место и Вардар на третото кој патем има и три меча помалку
Тимот на Жозе Мурињо го декласира Кристал Палас со 4:0, резултат со кој и Тотенхем славеше на гостувањето кај Хадерсфилд
Норвешкиот состав го совлада македонскиот шампион со 3:1. Бендтнер од пенал во 25 минута, Конрадсен во 56. и Хедестад во 68. погодија за домашните, вардаровиот Бразилец го постигна единствениот за „црвено-црните“ што сигурно ќе конкурира за најубавите во мечевите од второто коло. Нареден ривал на вардарци е Реал Сосиедад на 19 октомври во Скопје
Прекинот на соработката меѓу германскиот великан и трофејниот менаџер доаѓа по нецели 24 часа од убедливиот пораз на Баварците од екипата на ПСЖ со 3:0. Одлуката за раскинување на врската е донесена по состанокот меѓу клупската управа и Италијанецот по враќањето од Париз и објавена е на официјалната интернет страница на клубот од „Алијанц арена“
Црвено-црните“ се гости на норвешкиот север кај екипата на Розенборг во рамки на второто коло во групата Л. Натпреварот на „Леркендал“ арена, лански домаќин на УЕФА Суперкупот, е со почеток во 19 часот
„Светците“ на крилја на Кавани, Нејмар и Мбапе го совладаа Баерн Минхен со 3:0, Челзи во четвртата минута од судиското екстра време го шокира Атлетико со 2:1 на неговиот „Ванда Метрополитано“ стадион во Мадрид
Со головите на Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, вицешампионот ја совлада Ренова со 2:0 и дополнително се издвои на врвот на првенствената табела пред Академија Пандев и Вардар кои имаат еден, односно, два меча помалку. Тетовци, патем, се единствени без пораз во конкуренцијата. Работнички ремизира против Силекс во дебито на Горан Станковски на клупата на „црвените“ од Градски парк
Предводникот на генерација која го постигна најголемиот македонски репрезентативен успех со пласман на ЕП 2016 останува на кормилото на младата селекција до ЕП 2019. Притоа објави и список со 22 играча за дуелите со Србија (6 октомври во Скопје) и со Гибралтар (10 октомври во Португалија) меѓу кои за првпат е голманот на Оклахома од САД