Browsing: фудбал

„Црвено-жолтите“ ремизираа без голови во контролата пред Шпанија во сабота во Скопје. Беа подобар ривал од турската селеција која е 25 светска репрезентација, имаа два поништени гола на Мојсов и на Алиоски, уште неколку добри закани и зицер во 88 минута што Тричковски не успеа да го претвори во гол за победа

Вечерашниот пријателски фудбалски меч на „Телеком арена“ е одлична прилика за репрезентацијата со добра игра и резултат да се најави претстојното гостуање на „црвената фурија“ во сабота во Скопје во квалификациите за СП 2018 во Русија

Селекторот Благоја Милевски додаде седуммина репрезентативци од генерацијата 1996/97, го заокружи списокот на 24 играчи кои ќе патуваат на континенталниот турнир од 16 до 30 јуни и го одржа првиот тренинг во центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ

Финалето меѓу бранителот на трофејот од Шпанија и италијанскиот првак кого го нарекуваат „дежурен губитник“ поради четирите порази во мечевите за титулата е вечерва (20,45 ч.) на стадионот „Милениум“ во Кардиф

Тоа му појде од нога на напаѓачот на Арсенал во убедливата победа на Франција против Парагвај со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Рен. Уго Лори, пак, го забележа 88 настап за репрезентацијата и го надмина досегашниот рекордер меѓу стативите, Фабијан Бартез

Досегашниот менаџер на Севилја договори петгодишна соработка со тамошната федерација која на клубот од шпанската покраина Андалузија му плати 1,5 милиони евра за негово предвремено ослободување. На клупата ќе дебитира на 9 јуни во Мелбурн во пријателски меч против Бразил

Новините ќе бидат стапат во сила на женското Европско првенство, потоа Европското првенство за играчи до 21 година во Полска на кое ќе учествува и Македонија, и завршните турнири во У19 во машка и женска конкуренција

Сумата што ќе легне на сметка на лондонските „сини“ доаѓа од наградниот фонд за елитното фудбалско натпреварување во Англија и од ТВ правата и за две третини е поголема од онаа на Лестер за историскиот успех на клубот од „Кинг Пауер“ стадионот во минатата сезона

„Црвено-црните“ за крај одиграа 0:0 против Силекс, а пред почетокот на мечот, покрај збогување со поранешниот репрезентативец на Македонија, се разделија и со Благоја Љамчевски кој заминува од клубот. Благодарница му беше врачена на долгодишниот спортски новинар и коментатор во Македонската телевизија, Златко Калински, кој по 42 години работен стаж заминува во пензија