Browsing: Исланд

„Триколорите“ триумфираа со 31:22, го презедоа врвот на табелата во групата Е и направија голем исчекор кон полуфинале на шампионатот во Германија и во Данска. Хрватска, пак, искомпромитира се што градеше во Минхен со шокантниот пораз од Бразил со 26:29 и до големата четворка ќе мора по потешкиот пат – со победи против Германците и против Французите

„Црвено-црните“ цели девет минути не постигнаа гол во второто полувреме што се одрази врз конечниот резултат. Исланѓаните во 44 минута влегоа во плус – 17:16 (по вторпат во мечот по воведните 1:0) и на крајот славеа со 24:22. Националниот тим, сепак, продолжува во Келн каде ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место. Прв нареден ривал на македонската селекција е Русија

По синоќешниот триумф над Азербејџан со 41:22, избраничките на селекторот Симе Симовски вечерва го совладаа и Исланд со 29:21. Утревечер од 20 часот против Турција за заверка на првото место на турнирот во Скопје

Исланѓаните, според спроведениот попис од 2016 година, се точно 334.252 житела, а само мал број од нив, односно 0,4 отсто, не беа крај малите екрани за време на настапот на нивните миленици против Лионел Меси и компанија во саботата на „Откритие арена“ во Москва

Погодокот на Агеро во 19. минута го поништи Финбогасон во 23. минута и резултатот до крај остана непроменет. Меси не реализира пенал во 64. минута. Ударот од белата точка на ѕвездата на Барселона го одбрани Халдорсон

Исланѓаните со 26:24 ја добија скандинавската пресметка со Шведска во рамки на групата А во Сплит додека Белорусите беа за гол подобри од Австрија (27:26) во Пореч. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во премиерниот настап на 13. континентален турнир

Српската репрезентација ја победи Грузија со 1:0 и како првопласирана во групата Д ќе игра во Русија. Небото над стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград го осветли неколкуминутен огномет за враќање на националниот тим на мундијалската сцена по пауза од осум години. „Коцкестите“ во директен дуел во Киев ја совладаа Украина со 2:0 и се извадија за киксот против Финска во петокот. Исланд за првпат во историјата ќе игра на СП

„Црвено-жолтите“ загубија во Рејкјавик од домашната селекција со 30:29. На две кола до крајот сите четири селекции во групата 4 имаат скор од две победи и два пораза. Националниот тим на 14 јуни ќе гостува на Украина во претпоследното коло