Browsing: Италија

„Црвено-жолтата“ фудбалска репрезентација одигра 1:1 против четирикратниот светски првак во Торино за изненадување на вечерта во претпоследното коло од квалификациите за СП 2018. Кјелини во 40 минута обезбеди водство за „азурите“, Трајковски во 77. го поништи и дефинитивно го исфрли составот на Џан Пјеро Вентура од трка за првото место во групата Г

Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за завршните мечеви во квалификациите за Светското првенство во 2018 година против Италија на 6 октомври во Торино и против Лихтенштајн три дена подоцна во Струмица. Првиот тренинг без Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски, во тимот се враќа Адис Јаховиќ

Грците во осминафиналето ја поразија Литванија со 77:64 и го чекаат подобриот меѓу Русија и Хрватска. „Азурите“ подобри од Финска со 70:57 и за место на Фајналфор ќе играат против победникот од дуелот Србија – Унгарија

Вредноста на соработката меѓу полскиот репрезентативен голман и шампионот во Серија А, според медиуми на Апенините, е 10 милони евра плус два милиона во вид на бонуси или 3,5 милиони евра по сезона. Поранешниот репрезентативен напаѓач на „азурите“, пак, според „Газета дело Спорт“ ќе го раскине договорот со Верона што го потпиша пред само осум дена и засекогаш ќе ги обеси копачките на ѕид

На Сицилија, вечерва против Албанија, го одиграа 51 меч во историјата и притоа ја забележаа 44 победа со вкупна гол разлика од 131 постигнат гол и само 24 примени. Буфон запиша 1.000 настап во клупската и репрезентативна кариера