Browsing: Италија

Радикални новитети во најава за фудбалската сцена на Апенините. Италијанците ја копираат традицијата на Англичаните со натпревари пред и по католичкиот Божик. Планираните промени се однесуваат и на летните и на зимските преодни рокови кои се кратат и ќе завршат на 24 часа до почетокот на есенската и на пролетната полусезона

Антонио ди Николо, јавен обвинител од Удине, објави дека е отворена постапка за утврдување на причините за смртта на капитенот на Фиорентина и репрезентаивец на Италија чие безживотно тело беше пронајдено вчераутро во хотелска соба додека „виолетовите“ беа во карантин за мечот против Удинезе на „Дачија арена“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија погоди на „Марко Антонио Бентегоди“ во Верона за триумф на неговиот тим над истоимениот домаќин со 1:0 во последниот натпревар од 15. коло во Серија А

Поранешниот член на Реал Мадрид, на Милан, на Манчестер сити и краток период на Гвангжу Евергранде, а сега на Атлетико Минеиро, е прогласен за виновен за сексуален напад врз 22 годишна Албанка во дискотека во Милано во јануари во 2013 година

Тавекио го презеде раководењето со Федерацијата во 2014 година. Беше предложен како претседателски кандидат од првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, но поддржан и од Ањели од Јувентус, Галијани од Милан, Перкаси од Аталанта и Презиоси од Џенова. Неговиот мандат беше исполнет со разни скандали, но елиминацијата на „азурите“ од Шведска во бараж двомечот за СП 2018 беше причина да понесе одговорност и да се повлече од функцијата