Browsing: Ју-Ес опен

Русинката во три сета ја порази втората носителка Симона Халеп од Романија со 6:4, 4:6, 6:3 за продолжување на славеничките моменти при вечерните настапи во кариерата на централниот терен на гренслемот во Њујорк

Убедливи 6:0, 6:3 за третата носителка за пласман во второто коло во Њујорк, но и за продолжување на позитивната низа на победи и порази по Вимбдлон што сега е 16:2 во корист на 23 годишната девојка родена во Каракас, Венецуела

Најдобриот тенисер за 2016 година истакнал дека „болките се пресилни да може да го освои турнирот“. Притоа порачал дека во наредните неколку денови ќе донесе одлука за евентуален крај на сезоната

Комплицираната семејна ситуација во која се најде по породувањето е единствена причина поради која поранешната најдобра светска тенисерка го откажа учеството на американскиот гренслем што ќе стартува во понеделник. Според законот, таа не смее да го изнесе осуммесечниот Лео од Калифорнија каде е роден, а без него не сака да патува во Њујорк

За најдобрата македонска тенисерка ова ќе биде второ учество на последниот гренслем во сезоната. На Флешинг Медоу дебитира лани кога беше поразена на стартот од Катрин Белис од САД со 0:6, 2:6. Австралијката, пак, за првпат ќе настапи во Њујорк. Нивната пресметка е закажана за попладнево од 17 часот

Британскиот тенисер се пријави во „Големото јаболко“, но она што се поставува како дилема е дали неговиот повреден колк ќе ги издржи напорните тренинзи, а со тоа и дали ќе биде во состојба да настапи на завршниот гренслем во сезоната