Browsing: Кире Лазаров

„Црвено-жолтите“ за првпат почнуваат со победа на еден континентален турнир, во случајот во Хрватска. Во премиерниот настап се совладани „змајчеки“ на Веселин Вујовиќ со 25:24. Ако треба да се издвои некој, тоа сигурно се голманот Никола Митревски со неговите интервенции во првото полувреме и Дејан Манасков со осум гола и Кире Лазаров со седум. Утре е слободен ден, во понеделник (20,30 ч.) Македонија во дуел со Црна Гора

Унгарскиот тим ја совлада Барселона со 34:30 во натпревар за третото место на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони. Капитенот на репрезентацијата на Македонија со три гола во утешното финале на „Ланксес арена“

Револт од, како што вели, нерамномерното судење со Шпанија беше присутен и кај капитенот на Македонија кој против „фуријата“ се промовира и во „мистер цепелин“, начин на кој двапати ја тресеше противничката мрежа

„Фуријата“ вечерва беше, резултатски, подобра со 29:25 и изби на челната позиција во групата Б, „црвено-жолтите“, играчки, беа достојни и рамноправни и покрај поразот. Ривера најефикасен со 11 гола, Лазаров даде 6 меѓу кои два беа цепелини

Капитенот ја проби четирицифрената граница од пенал во втората минута во мечот со Словенија. Во повеќе од дводецениските настапи за националниот тим има и преку 200 погодоци во пријателски средби

Македонскиот капитен се врати на првото место на лисата на стрелци на СП во Франција. По два меча има 22 гола или девет повеќе од Уве Геншајмер кој утре со Германија го има вториот настап на турнирот

Ѕвездата на Барселона и македонски капитен стрелаше со 75 отсто успешност против Тунис. Упати 16 удари, 12 од нив завршија на вистинското место, подели и седум асистенции и беше прогласен за МВП на средбата