Browsing: кошарка

Попладнево во Гевгелија, националниот тим славеше со 78:68 (по четвртини: 29:16, 10:19, 22:12, 17:21) за продолжување на успешната резултатска низа во групата во која има три победи во исто толку одиграни натпревари. До крајот на оваа фаза во кампањата преостанува уште гостување во Романија во февруари догодина

Тренерот на Работнички е горд на постигнатото во домашната кошаркарска сцена во изминатите осум месеци. „Центарци“ го детронизираа МЗТ Скопје по 3:0 во финалната плеј-оф серија за 15. шампионска титула на клубот по осамостојувањето на Македонија, прва по пауза од девет години

Центарци пред малку во СЦ „Јане Сандански“ ги совладаа аеродромци со 76:75 (по четвртини: 18:21, 19:15, 25:26, 13:14) и со евентуален триумф во петок во Градски парк ќе стават печат на финалната серија за оваа сезона

„Кралевите“ во евролигашкиот меч за титулата за оваа сезона триумфираа над Фенербахче со 85:80 (по четвртини: 21:17, 17:23, 25:15, 22:25). Козер најефикасен во белградска „Штарк арена“ со 17 поени, Лука Дончич го понесе признанието за МВП на Фајналфорот. Бронзениот медал го однесоа кошаркарите на Жалгирис кои во „малото“ финале ја совладаа ЦСКА Москва со 79:77 (по четвртини: 22:19, 19:16, 28:13, 10:29)