Browsing: кошарка

„Црвено-белите“ го совладаа Морнар со 88:69 (по четвртини: 26:19, 26:18, 16:19, 20:13) за конечни 2:1 во полуфиналната серија подобар од три со што обезбедија пресметки со Будуќност за тронот во регионалното натпреварување. Шампион ќе биде екипата која ќе стигне до три победи во финалето. Серијата за титулата почнува на 9 април во Белград

Аеродромци го совладаа Работнички со 76:67 (по четвртини: 17:14, 16:17, 21:17, 22:19) во финалето во салата „Јасмин“ во Кавадарци за деветта титула во натпреварувањето колку што има и тимот од Градски парк. Признанието за МВП во мечот за титулата му припадна Дамјан Стојановски

Македонскиот првак загуби од словенечкиот со 55:96 што претставува најубедлив пораз на домашен терен во досегашните шест сезони колку што е дел од Јадранот и загуби секакви шанси за избегнување на последното место на табелата на крај на регуларниот дел од сезоната

„Црно-белите“ го совладаа македонскиот шампион со 112:94 (по четвртини: 32:19, 37:23, 19:28, 24:24) во меч од 12 коло во АБА лигата. На аеродромци, кои се наоѓаат во тешка криза, им преостанува да трагаат за трета радост во јадранската сезона во некоја наредна, поповолна, прилика

Ѕвездата на кавалирси оствари ефект од 25 поени и по 12 скока и асистенции во победата над Л.А. Лејкерс со 121:112 и се израмни со Лери Бирд на шестото место на вечната листа на трипл-дабл ефекти во НБА лигата

Литванскиот првак го совлада европскиот со 90:89 во натпревар од 12 коло во Евролигата. „Кралскиот“ клуб славеше над Барселона со 87:75 благодарение на нова одлична партија на Словенецот Лука Дончич