Browsing: квалификации

„Црвено-жолтите“ ја совладаа Турција со 26:25 и го презедоа врвот во групата 3 во квалификациите за завршниот турнир во Шведска, Австрија и Норвешка во јануари догодина. До крајот на циклусот уште и мечот со Грција на 16 јуни во Струмица

По Полска, бодови од Скопје однесе и Австрија која вечерва славеше со 4:1 во четвртото коло во групата Г. Двапати Арнаутовиќ, по еднаш за Австријците погодија Лазаро и Лајмер со помош на Бејтулаи, почесниот за „црвено-жолтите“ беше дело на Хинтерегер. Наредниот меч за македонскиот националниот тим е во Израел на 5 септември

Полска славеше вечерва на националната арена „Тоше Проески“ со 1:0. Погодокот на Камил Глик од 47. минута беше доволен за победникот во дерби мечот од третото коло во групата Г. Веќе во понеделник во Скопје ќе гостува и селекцијата на Австрија

Конечни 24:24 (полувреме 10:11) во квалификацискиот реванш за пласман на ракометното Европско првенство во 2020 година. Исходот од салата „Борис Трајковски“ оди во прилог на двете селекции во потерата на завршниот турнир во Норвешка, Австрија и Шведска

Хрватска ремизира на гостувањето против Србија во квалификациите за ракометното ЕП 2020. Во тоа успеа во последниот напад за конечни 25:25 во „Штарк арена“ во Белград, но и да остане осамена на врвот на табелата во групата 2

Дуелот во Рејкјавик, за кој отпаднаа Мартин Томовски, Мартин Серафимов, Мартин Манасков и Димитар Димитриоски, е во среда со почеток во 21:45 часот. Македонската ракометна репрезентација е со половичен ефект по две кола во квалификациите за ЕП 2020 – триумф над Турција (31:27) и пораз од Грција (26:28)