Македонија Ѓ.П. му го нанесе вториот пораз на Шкупи, водечкиот тим во Првата македонска фудбалска лига во моментот во оваа сезона. Ѓорчепетровци до трите бода стигнаа со гол во самиот финиш, слично како и Брегалница Штип на дуелот со Скопје.

Резултати на натпреварите од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграни попладнево:

Брегалница – Скопје 2:1
Македонија Ѓ.П. – Шкупи 2:1
Пелистер – Струга Трим Лум 0:1
Работнички – Академија Пандев 0:3
Ренова – Шкендија 0:1
Тиквеш – Борец 2:1

Табела: Шкупи 29 бода, Академија Пандев 25, Ренова 22, Брегалница 22, Шкендија 21, Струга 19, Работнички 18, Македонија Ѓ.П. 17, Скопје 16, Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4.