Browsing: Македонија

Ситуацијата е јасна – потребна е победа со најмалку два гола разлика над една од трите домашни селекции на турнирот, опција со која „црвено-жолтите“ нема да зависат од резултатот во пресметката меѓу Чешка и Украина. Секој друг исход, како победа со гол разлика или реми, ќе зависи од бројот на постигнати погодоци или, пак, од епилогот од вториот дуел во групата Б во 20.30 часот

Серијата имаше за цел да го амортизира ефектот на опозициските „бомби“, односно да го прикаже Груевски како жртва на сплетките на странскиот фактор во државава. Но, до крајниот рок, 4 септември во 2017 година, кога „Јадран филм“ на Винко Грубишиќ, мораше да испорача цела прва сезона од серијалот, не беше снимена ниту една епизода

Македонската репрезентација ќе мора по потешкиот пат по опстанок на 14. Европско првенство и пласман меѓу 12. најдобри на континентот. „Црвено-жолтите“ на стартот ја победија Украина со 26:25 по што следуваше пораз од Чешка со 25:27, па шансата за продолжување на престојот во Виена ќе се бара во утрешниот дуел од 18.15 часот против Австрија

Воведните минути од второто полувреме урнаа се што изградија македонските ракометари во првиот дел за што на крајот резултираа со пораз од Чешка со 25:27 во второто коло во групата Б на 14. Европско првенство. Овојпат потфрлија голманите кои мечот го завршија со само четири одбрани од кои три запиша Борко Ристовски, а една Никола Митревски

На крајот на 2018 година, направени се измени во Законот за јавните патишта на Македонија во согласност со европските директиви, со што државата е должна државните патишта да бидат предмет на ревизија во однос на безбедноста

Македонските ракометари ја совладаа Украина со 26:25 во воведниот меч од групата Б на 14. Европскотоп првенство со погодокот на капитенот на две секунди до крајот, но најзаслужен за победата беше Никола Митревски со 15-те одбрани и еден седмерец, иако организаторот на мечот со прогласи Филип Талески за МВП

Обвинувања за опструкции и негирања, непознавање на законите и делување во функција на матичните партии се белези на првите денови од работењето на ресорите каде има кадровски измени во техничката Влада што беше избрана на 3 јануари

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со шеста увертира на Европските првенства. Ривал во премиерната партија на 14. издание на континенталните турнири е селекцијата на Украина. Мечот е од 20.30 часот (пренос на Телма ТВ) во „Винер Штадхале“ во Виена

Демократската партија на Албанците (ДПА) и досега беше дел од владиниот кабинет преку поранешниот пратеник Бардиљ Даути кој ја извршуваше функцијата министер без ресор за странски инвестиции