Browsing: Македонија

Транс-анадолскиот гасовод денеска официјално започна да пренесува гас до европскиот дел од јужниот гасен коридор на границата меѓу Турција и Грција. На свеченоста на пуштање во употреба на системот денеска присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Националните енергетски ресурси, Бајрам Реџепи

„Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Тоше Проески“ го совладаа Израел со 1:0 во последното коло од циклусот за Европското првенство во 2020 година. Стрелец на единствениот погодок беше Бобан Николов во втората минута од судиското екстра време на првиот дел за финиш во групата Г како што се почна со победа над Летонија со 3:1

Машката репрезентација во изминатите денови одигра четири контролни средби против Турција (26:23), против Италија (25:25) и два против Грузија (25:21 и 29:28) во рамки на подготовките за ЕП 2020

Со триумфот над Словенија во Скопје и поразот од Полска во Варшава, во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, „црвено-жолтите“ имаат вкупно 1.344 бода, пет повеќе во однос на минатиот месец, и напредуваа за едно место во однос на септемвриското рангирање

Реакцијата на синот на познатиот филантроп и основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, дојде по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на Албанија и на Северна Македонија со Европската Унија

Ова го вели поранешниот бугарски министер за надворешни работи кој истакна дека францускиот претседател со непопустливоста на ЕУ самитот во Брисел го турка регионот кон Русија, Турција и Иран