Browsing: Македонија

Воведните минути од второто полувреме урнаа се што изградија македонските ракометари во првиот дел за што на крајот резултираа со пораз од Чешка со 25:27 во второто коло во групата Б на 14. Европско првенство. Овојпат потфрлија голманите кои мечот го завршија со само четири одбрани од кои три запиша Борко Ристовски, а една Никола Митревски

На крајот на 2018 година, направени се измени во Законот за јавните патишта на Македонија во согласност со европските директиви, со што државата е должна државните патишта да бидат предмет на ревизија во однос на безбедноста

Македонските ракометари ја совладаа Украина со 26:25 во воведниот меч од групата Б на 14. Европскотоп првенство со погодокот на капитенот на две секунди до крајот, но најзаслужен за победата беше Никола Митревски со 15-те одбрани и еден седмерец, иако организаторот на мечот со прогласи Филип Талески за МВП

Обвинувања за опструкции и негирања, непознавање на законите и делување во функција на матичните партии се белези на првите денови од работењето на ресорите каде има кадровски измени во техничката Влада што беше избрана на 3 јануари

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со шеста увертира на Европските првенства. Ривал во премиерната партија на 14. издание на континенталните турнири е селекцијата на Украина. Мечот е од 20.30 часот (пренос на Телма ТВ) во „Винер Штадхале“ во Виена

Демократската партија на Албанците (ДПА) и досега беше дел од владиниот кабинет преку поранешниот пратеник Бардиљ Даути кој ја извршуваше функцијата министер без ресор за странски инвестиции

Јавното претпријатие за државни патишта, заклучно со 30 декември лани, реализирало 84,67 проценти од планираните инвестиции во Годишната програма. Сликата на терен ја обележаа пуштањето во употреба на автопатот Миладиновци – Штип и продолжување со изградба на автопатот Кичево – Охрид за кој беше обезбеден дополнителниот заем од 178 милиони евра

Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски за кого функцијата во ваков период, како што рече, претставува силен предизвик и голема лична, професионална и политичка одговорност. Тој до Собранието достави програма за работа на Владата, чија основна цел е организирање фер и демократски избори.

Согласно Пржинскиот договор, се формира на 100 дена до избори, во случајот за предвремените парламентарни на 12 април. Преодната Влада се избира во Собранието со просто мнозинство. Премиер на претходната беше Емил Димитриев, на претстојната е предложен Оливер Спасовски

На состанокот на Мешовиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ што изминатите два дена се одржуваше во Стразбур е оддадено признание на земјава за постигнатите резултати и посочени се областите каде што е потребен напредок