Browsing: Македонија

Германскиот амбасадор во интервју за МИА говори за шансите на Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, за Специјалното Јавно Обвинителство, за реформите, за регионот на Западен Балкан во фокусот на Унијата, за состојбите во неговата земја

Непријатната традиција за „црвено-жолтите“ фудбалерки траеше до денеска. Прекината е попладнево во тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во квалификациите за ЕП 2021 беше совладата селекцијата на Казахстан со 4:1 во меч во кој по два гола постигнаа Наташа Андонова и Гентијана Рочи

Домашната селекција славеше со 35:26 во првото коло во групата 5. „Црвено-жолтите“ девојки во сабота во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“, 18 ч.) ја пречекуваат репрезентацијата на Чешка

Финска ја совлада Турција со 3:2 (по сетови: 25:20, 15:25, 18:25, 25:23, 15:12) и двете селекции, заедно со Русија и со Словенија од групата Ц, продолжуваат во топ 16 фазата. На „црвено-жолтите“ им беше потребна било каква победа на турските одбојкари против Финска за место во нокаут фазата, мисија што, сепак, останува да се брка во некоја наредна прилика

По поразите од Финска (1:3), од Турција (0:3) и од Русија (0:3), вечерва во арената „Стожице“ во Љубљана е совладана селекцијата на Белорусија со 3:1 (по сетови: 23:25, 25:19, 29:27, 25:20) за прва победа во групата Ц. Утре попладне (17.30 ч.), македонската репрезентација ќе игра и против Словенија

„Зборнаја“ убедливо ги доби првите два сета во кои покажа кој е кој на теренот. Во третиот малку го спушти гардот и дозволи контролирана неизвесност и игра на разлика, но повеќе од тоа не дозволи за конечни 25:15, 25:16, 30:28. Утре е ден за одмор за избраниците на Никола Матијашевиќ кои во понеделник од 20.30 ч. ќе играат против Белорусија

Селекцијата од северот на континентот славеше против „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:22, 23:25, 25:21) во меч од првото коло на 31. Европско првенство во одбојка. Утре од 17.30 ч. израниците на Никола Матијашевиќ против Турција во вториот настап во Љубљана

Мечот е попладнево (17.30 ч., МТВ 1, ТВ „Арена Спорт 2“) во арената „Стожице“ во Љубљана. Во рамки на групата Ц се и репрезентациите на актуелниот шампион Русија, на домаќинот Словенија, на Турција, на Белорусија. Мечевите во групата А се играат во Франција, во групата Б во Белгија, а во групата Д во Холандија

Националниот фудбалски тим ја совлада Летонија со 2:0 во квалификациите за ЕП 2020 со головите на Пандев и на Барди и со осум бода и од четвртото место во групата Г ќе ги дочека дуелите со Словенија во Скопје на 10 октомври и против Полска во Варшава на 13 октомври