Browsing: Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за завршните мечеви во квалификациите за Светското првенство во 2018 година против Италија на 6 октомври во Торино и против Лихтенштајн три дена подоцна во Струмица. Првиот тренинг без Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски, во тимот се враќа Адис Јаховиќ

Предводникот на генерација која го постигна најголемиот македонски репрезентативен успех со пласман на ЕП 2016 останува на кормилото на младата селекција до ЕП 2019. Притоа објави и список со 22 играча за дуелите со Србија (6 октомври во Скопје) и со Гибралтар (10 октомври во Португалија) меѓу кои за првпат е голманот на Оклахома од САД

Фудбалерот на Динамо Загреб е на списокот со 23 фудбалери на кои смета селекторот Игор Ангеловски за дуелите на 6 октомври во Торино и на 9 октомври во Струмица, последни во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. Неговото отсуство од националниот тим се должеше на двегодишната суспензија што ја доби за позитивен допинг наод по дуелот со Арсенал во групната фаза во Лигата на шампиони во 2015 година

57 годишниот Драган Смугрески кој боледува од хронична миелоична леукемија  останал без двете нозе бидејќи државата не му обезбедила лек од втора линија за оваа болест. Тој е еден од четириесетте пациенти на кој не им делува лекот

Како последица на политичката криза и насилствата во Собранието на 27 април е забележан значителен пад на довербата во полицијата за седум отсто, додека довербата во војската паднала за два проценти