Browsing: Мастерс

Тенискиот ас од Базел го совлада Фабио Фоњини со 6:4, 6:3 во третото коло на Мастерсот во Париз што е негова 363 победа на турнирите од серијата 1.000 оставајќи го зад себе Шпанецот со 362

Швајцарецот беше слободен во првото коло и без борба мина во второто, откако Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ се предаде на неколку часа пред настапот во француската престолнина

Украинката во финалето ја порази Слоун Стивенс со 3:6, 6:2, 6:2 за освојување на највредниот трофеј од вкупно 13. колку што има во кариерата. Воедно таа е прва тенисерка по Серена Вилијамс во 2013 година која успеала да се искачи на тронот без загубен меч

Бранителката на титулата загуби од Каролина Плишкова од Чешка со 2.6, 4:6 во меч од првото коло во Белата група во која претходно Украинката Елина Свитолина ја совлада Петра Квитова со 6:3, 6:3

Шпанскиот тенисер во финалето го совлада Александар Зверев со 6:1, 1:6, 6:3 за осма титула во италијанскиот главен град, но и за враќање на лидерската позиција на АТП листата. Утре почнува вториот гренслем во сезоната, Ролан Гарос