Browsing: Мерцедес

Британецот имаше судир со Фетел во раната фаза од трката за ГН на Мексико, мораше рано во бокс, на крајот заврши како деветти што, сепак, беше доволно за четврта шампионска титула во кариерата колку што освои и Алан Прост. Победата на автодромот „Браќа Родригез“ крај Мексико Сити ја однесе Макс Ферстапен (1:36,26,552 часа), втор беше Валтери Ботас (+19,678 сек.), трет низ целта мина Кими Раиконен (+54,007 сек.). Германецот Себастијан Фетел, кој тргна од пол-позицијата, заврши како четврти (+70,078 сек.).  

Британскиот пилот на Мерцедес триумфира за Големата награда на Сингапур со време од 2:03:23,544 часа за голем исчекор кон преземање на тронот од Нико Розберг. Второто место го освои Австралиецот Даниел Рикардо, трет беше Валтери Ботас. Кими Раиконен и Себастијан Фетел останаа без пласман по колизијата со Макс Ферстапен на стартот

Финскиот пилот на Мерцедес тргна прв на автодромот „Ред Бул ринг“, стартната предност ја задржа во текот на сите 71 круг и на крај ја прослави втората победа во сезоната пред Фетел и Рикардо. Хамилтон остана без подиум