Browsing: Митко Чавков

Ристе Ставревски е поранешен советник на Гордана Јанкуловска. Тој во тандем со Кирил Тодоровски биле посветени во фалсификување на изборните процеси со цел ВМРО ДПМНЕ да остане на власт судејќи според пораките, но и аудио снимките што се слушаа во судница во предметот „Титаник“

Ниту еден од деветте уставни судии не застана зад иницијативата за поведување амнестија за „крвавиот четврток“ во парламентот на поранешниот министер за внатрешни работи. Од 33. обвинети за „крвавиот четврток“, 15-тина беа амнестирани, меѓу нив и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието за да влезат насилниците. Амнестијата опфати и други обвинети или осудени лица во помали судски предмети околу настаните на 27 април

Од МВР не обелоденија кои поранешни функционери ќе имаат телохранители на државна сметка, но акциите кои ги потенцираат како ризични по безбедноста, сите се реализирани во време кога на чело на Министерството беа двоецот Јанкулоска – Мијалков.