Browsing: опозиција

Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата на СДСМ во трите години мандат не направила ништо на полето на борба против загадувањето. Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули возврати дека Владата за првпат во изминатите години има план за справување со загадувањето што, според него, покажува резултати на намалување на загадувањето и најмал број на загадени денови

Според Предлогот-законот за легализација на дивоградби изградени заклучно со 1 октомври 2019 година што го утврди Владата, ќе се плаќаат 100 проценти комуналии за објектот, како и казна во износ од 50 проценти од комуналиите, додека за бесправните електронски комуникациски мрежи надоместот ќе изнесува 10 евра по квадратен метар од изградена површина. За оние кои поднеле барање според стариот закон ќе важат одредбите според кои за легализација ќе се плаќа по евро за квадратен метар

Одржувањето на предвремените избори во закажаниот термин на 12 април е можно да се проблематизира, поради одолговлекувањето на клучните закони…

СДСМ и ДУИ, како што дознава НОВА, доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери барање да се објави оглас за избор на заменик – директор на оваа институција, откако на Насер Адеми, кој досега беше потписник и ја вршеше работата на главниот ревизор мандатот му заврши на 4 октомври

Ситуацијата пред албанскиот Парламент и понатаму е тензична. Медиумите јавуваат дека неколку полицајци се повредени со тврди предмети, но јавуваат за повредени и меѓу демонстрантите