Browsing: Осминафинале

Јунак на вечерта е ветеранот Рајан Бабел кој постигна два гола за турскиот тим во победата во реваншот со Олимпијакос со 4:1. Екипата од Виго сигурна на гостувањето кај Краснодар, Генк со вкупни 6:3 подобар од Гент во белгискиот осминафинален двомеч

Австралиецот славеше со 6:4, 7:6 против вториот светски рекет кој издаде нова потврда дека е далеку од препознатливата форма. Федерер загуби само пет гема во дуелот со Надал (6:2, 6:3)

Англискиот првак утревечер (20,45 ч.) го очекува реванш против Севилја на домашен терен во осминафиналето во елитното натпреварување во кој ќе се обиде да анулира еден гол минус од првиот меч во Шпанија

Италијанскиот првак го победи португалскиот со 2:0 со головите на Пјаниќ и Алвеш, Севилја со 2:1 подобра во првите 90 минути со екипата на Раниери чија надеж за пласман меѓу осумте најдобри сочува Џејми Варди

Баварците повторно кобни за лондонскиот премиерлигаш од „Емирати“ (5:1) и, слично како и ПСЖ, завршија работа уште во првата половина од осминафиналниот двомеч. Реал во Мадрид со пресврт го совлада Наполи со 3:1

Македонија по третпат не успеа да ја пробие осминафиналната бариера. По Германија на СП 2013 и Словенија на СП 2015, „црвено-жолтите“ поразени од фаворизираната Норвешка на СП 2017 со 34:24.