Browsing: плати

Претпладнево во Владата, двете страни ја потпишаа Спогодбата што предвидува корекции на месечните лични доходи за околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции

Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму чекаат три неисплатени плати. Телефоните се исклучени, а нема ниту интернет. Вработените кои секојдневно одат на работа, алармираат дека освен платата што ја немаат земено, за институцијата не се платени ниту сметки за струја, ниту за кирија и сè поизвесно е дека зградата во која „бомбите“ требаше да бидат на безбедно, ќе остане без струја

Корекцијата ќе биде вкалкулирана од исплата на септемврискиот личен доход во октомври, најавија министрите за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми и Мила Царовска на заедничката прес-конференција во Владата

Макроекономските показатели се движат во одлична насока. Економијата се движи во позитивна насока, а со успешно придвижување кон НАТО и кон ЕУ може да се очекува забрзување на економскиот раст, вели министерот за финансии