Browsing: постапка

Собранието доцна синоќа ја утврди потребата за донесување на законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители по скратена постапка. Носењето на самата одлука мина во тензичка атмосфера и препукувања меѓу власта и опозицијата. Седницата првично беше закажана за 17 часот, но започна со задоцнување од околу четири часа. Владата го повлече текстот на законите поради технички грешки и по направените корекции повторно го врати во собраниска процедура. Расправата за двете предложени законски решенија се сели во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија

Со денешното неколкучасовно изјаснување на Бојан Јовановски заврши фазата на давање искази во случајот против невладината организација „Меѓународен сојуз“. Обвинителството за организиран криминал и корупција е на потег да реши дали и на чие име ќе покрене обвинителен акт