Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска ќе бара вонреден инспекциски надзор за изборот на ректор на УКИМ

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2020 11:45

Антикорупциската комисија ќе упати барање до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да изврши вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ и да преземе мерки согласно своите надлежности. 

Антикорупциската постапи по пријава во врска со функционирањето на Сенатот на УКИМ и најавата за отпочнување на постапка за избор на ректор на Универзитетот и спроведе проверка на постапувањата на ректорот Никола Јанкуловски во однос на усогласеноста со Законот за високо образование и со Статутот на УКИМ, како и од аспект на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси дали овие активности тој ги води во ситуација што може да се оквалификува како состојба на судир на интереси.

Според пријавата до Антикорупциската, има три околности кои може да доведат до заклучок дека постои судир на интереси – ректорот постапувајќи од позиција на претседавач на Сенатот на УКИМ, презема активности за формирање Универзитетска изборна комисија за избор на ректор, со што доколку се јави како кандидат за нов мандат за ректор директно се доведува во состојба на фактички судир на интереси.

Иако Статутот на УКИМ е донесен во јуни во 2019 година, досега не е спроведена постапка за избор на претседател на Сенатот, ниту, пак, е дадено право на највозрасниот член на Сенатот да ги врши работите на претседател на Сенат, што е предвидено со  член 159 од Статутот. Постапувањата за започнување и за спроведување избор на ректор во вонредна состојба се спротивни на Уредбата на Владата од 24 март во 2020 година каде што се вели дека за времетраењето на вонредната состојба мандатот на членовите на органите и телата се продолжува до завршувањето на вонредната состојба.

„Ова дотолку повеќе што со Статутот на УКИМ, донесен на 28 јуни 2019 година, попрецизно се уредени постапките за избор на органите и телата на Универзитетот. Имено, со член 159 од Статутот на УКИМ претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите, а до неговиот избор, работите од надлежност на претседател на Сенат ги врши највозрасниот присутен член на Сенатот. Актуелниот ректор, покрај функцијата ректор, врши улога на претседавач на Сенат, користејќи ги преодните и завршните одредби од новиот закон, во смисла дека ректорите, проректорите ја вршат својата функција до истекот на нивниот мандат, иако и со Законот за високо образование и Статутот е јасно дека тоа е нова функција“, се наведува во соопштението на Антикорупциската комсија.

Во изминатите два дена Независниот академски синдикат (НАкС) и тројца проректори на УКИМ реагираа на постапката за избор на ректор што ја спроведува Јанкуловски, кој се кандидира за нов мандат, обвинувајќи го дека го крши Законот за високо образование. Тие реагираат на двојната функција на Јанкуловски, кој е и претседател на Сенатот што е спротивно на членот 96 од Законот.

Постапката за избор на нов ректор на УКИМ почна во март со онлајн-седница на Ректорската управа, а продолжи вчера со предлог-одлука на дневниот ред за начинот на спроведување на тајното гласање за формирање на Универзитетска изборна комисија.

Од НАКС велат дека ако одлуката се усвои, не е јасно како ќе се спроведе тајното гласање зашто според нивните сознанија, немаат лиценциран софтвер кој ќе гарантира точност и тајност на гласањето.

Антикорупциска комисија барање ДПИ Избор Надзор постапка ректор УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.