Заев со програма на Владата: Се обврзуваме да влечеме напред секој ден и секој час

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна која ќе ги гарантира стратешките определби, односно членство во НАТО и во ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со корона-кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции. Програмата за работа на Владата, додаде тој, во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери

Владата го врати предлогот на Комисијата за заразни болести: Полициски час ќе нема

Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција добија задолженија за изготвување на посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапување од мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки. Апликацијата „СтопКорона“ станува задолжителна во секое решение за изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Предлог за нов викенд под клуч: „Полициски час“ од сабота попладне до вторник наутро

Ако Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, тогаш земјава е пред нов празничен и продолжен викенд под клуч. Препораката до Кабинетот на премиерот...

ЕК предлага пакет од три милијарди евра за десет земји, за Македонија 160 милиони евра

За Северна Македонија, ЕК предлага да се издвојат 160 милиони евра, за Албанија - 180 милиони, за БиХ - 250 милиони евра, за Косово 100 милиони евра и за Црна Гора - 60 милиони евра. Надвор од земјите од Западниот Балкан, европската извршна власт смета дека ќе бидат потребни 150 милиони евра на Грузија, 200 милиони евра на Јордан, 100 милиони евра за Молдавија, 600 милиони евра за Тунис и 1,2 милијарди евра за Украина