Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Премиерлига
Вирџил ван Дајк во 15. минута и Мохамед Салах во третата од судиското екстра време беа творци на 21 триумф на Ливерпул кој досега собра 64 бода од можни 66, а допрва треба да го одигра и одложениот натпревар со Весте Хем. За тимот на Манчестер јунајтед, пак, ова беше седми пораз во тековниот шампионат по кој е петти на табелата со 34 бода
„Црвените“ ги поразија „граѓаните“ со 3:1 во дербито на 12. рунда во Премиерлигата, тимот на Пеп Гвардиола остана покус за два недосудени пенала на „Енфилд“
Хет-трик прослави Бернардо Силва во 15. минута, во 48. минута и во 60. минута, по еднаш во листата на стрелци се впишаа и Давид Силва (1’), Серхио Агеро (7’ од пенал), Ријад Марез (12’), Никола Отаменди (18’) и Кевин де Брујне (85’)
Њукасл ги совлада „спарси“ со 1:0 со голот на 44 милиони евра вредното засилување од Бразил, Жоелингтон, „граѓаните“, пак, со 3:1 славеа на гостувањето кај Борнмут
„Црвените ѓаволи“ славеа со 4:0 во дерби пресметката на воведното премиерлигашко коло во новата сезона и испратија силна порака дека максимално ќе казнуваат од секоја укажана прилика без разлика дали ќе доминираат во статистичките категории или не. Два гола постигна Маркус Рашфорд, по еднаш во листата нан стрелци се запишаа Антони Марсијал и Даниел Џејмс
Европскиот шампион постигна четири гола до паузата, во второто го намали притисокот и апсолутно заслужено славеше со 4:1 над ривалот од истокот на Англија како одлична увертира пред УЕФА Суперкуп дуелот против Челзи во среда во Истанбул
„Граѓаните“ во последното коло, со пресврт, го совладаа Брајтон со 4:1 и ја задржаа предноста од еден бод на врвот на табелата пред Ливерпул чии фудбалери триумфираа над Вулверхемптон со 2:0
„Граѓаните“ го поразија Јунајтед пред 75.000 гледачи на „Олд Трафорд“ со 2:0 и се вратија на чело на табелата со бод повеќе од Ливерпул на три кола до крај на сезоната. Вулверхемптон, пак, ги порази „топчиите“ со 3Ч1 и ги запре во напредокот кон зоната што води во Лигата на шампиони за наредната сезона
Фудбалерот на Саутемптон погоди во шестата секунда во мечот со Вотфорд за место во историјата на елитното англиско фудбалско друштво и тешко е веројатно дека некој ќе може да го потисне. Досегашен сопственик на најбрзиот гол во Премиерлигата беше Ледли Кинг кој се запиша во листата на стрелци за 9,82 секунди
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со поддршка за капитенот на тимот Џордан Хендерсон по неговата одлична партија во триумфот над…
Тоби Алдервејрелд ја смести топката во сопствената мрежа на што кумуваше и Уго Лори со лошата интервенција во финишот на средбата за триумф на „црвените“ на „Енфилд роуд“ со 2:1 кои сега имаат два бода повеќе од Манчестер сити, но и меч повеќе
„Топчиите“ славеа на „Емирати“ со 2:0 со головите на Гранит Џака и на Пјер Емерик Обамејанг. Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ смета дека може да биде присутно незадоволство од резултатот, но никако од играта