Browsing: прослава

Алжир го совлада Сенегал со 1:0 во финалето на Купот на Африкански Нации во Египет за невидена еуфорија во земјата, но и судири со полицијата во неколку француски градови. Во текот на ноќта во Париз беа уапсени 102 лица од кои, според извештајот на Министерството за внатрешни работи, 86 завршија во притвор. Француските власти наведуваат дека низ целата земја биле уапсени 198 лица од кои 177 останале во притвор

Од МВР соопштија дека за прославата на Илинден биле ангажирани 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и 10 полициски службеници од Одделот за заштита на одредени личности и објекти. Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите биле ангажирани и припадници на Посебните единици на полицијата од кои 30 во цивилна облека, а 10 во полициска униформа