Browsing: Прва лига

Тетовските „црвено-црни“ триумфираа „Под Тумбе кафе“ со 3:1 во рамки на деветтото коло од домашниот шампионат и дополнително се издвоија на врвот на табелата во однос Академија Пандев на второто место и Вардар на третото кој патем има и три меча помалку

Со головите на Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, вицешампионот ја совлада Ренова со 2:0 и дополнително се издвои на врвот на првенствената табела пред Академија Пандев и Вардар кои имаат еден, односно, два меча помалку. Тетовци, патем, се единствени без пораз во конкуренцијата. Работнички ремизира против Силекс во дебито на Горан Станковски на клупата на „црвените“ од Градски парк

Црвено-црните“ подобри од прилепчани со 4:0 во второто коло од прволигашката конкуренција. Тигран Барсегјан во четвртата минута, Дамир Којашевиќ во судиското екстра време на првиот дел и Бразилците Итало во 68 минута и Луис Фелипе во 86 беа стрелци за македонскиот шампион за втора победа без примен гол во низа под водство на Чедомир Јаневски

На денешната прес-конференција беа најавени амбициите на клубот за дебитантската сезона во македонската фудбалска елита, плановите за иднина, но и неколку новитети како „Горан Пандев Куп“ и „Горан Пандев камп“ што треба да тргнат од 2018 година и довршување на тренинг центарот во чии рамки ќе има и стадион за домашните мечеви

„Црвено-црните“ за крај одиграа 0:0 против Силекс, а пред почетокот на мечот, покрај збогување со поранешниот репрезентативец на Македонија, се разделија и со Благоја Љамчевски кој заминува од клубот. Благодарница му беше врачена на долгодишниот спортски новинар и коментатор во Македонската телевизија, Златко Калински, кој по 42 години работен стаж заминува во пензија

Победничкиот за скопските „црвено-црни“ против Силекс во Кратово го постигна Блажевски, Радески, пак, погоди за тетовските против Пелистер во Могила. Дебармаалци на „Телеком арена“ ја совладаа Брегалница со 3:1

Бранителот на титулата подобар од Пелистер на „Телеком арена“ со 3:1, Шкендија ремизира со Ренова (1:1), па скопските „црвено-црни“ сега имаат 11 бода повеќе од тетовските за кои Купот на Македонија останува опција за спас на сезоната