Фудбал, Прва лига: Вардар кон титула, Работнички кон Европа

Бранителот на тронот ја совлада Ренова со 1:0, резултат со кој Шкендија загуби од Работнички на „Телеком арена“, и се одлепи на девет бода од тетовци на врвот на табелата. Екипата од Градски парк сега има плус пет од Пелистер во битката за трето место што води во квалификациите за Лига Европа

Фудбал, ПМФЛ: Продолжува бркотницата на Вардар и Шкендија

И скопјани и тетовци влегоа со стил во пролетниот дел од фудбалската сезона. Шампионот го порази Шкупи на „Телеком арена“ со 3:0, вицешампионот го совлада Силекс со 2:0. Високи 3:0 и за Работнички во дуелот со Македонија Ѓ.П.

Мак-баскет: Кошарка од наредниот викенд, пари по Собранието

Предлогот на Куманово за поместување на сезоната за една недела беше едногласно прифатен на Здружението на клубови Прва лига мажи и заземен е став за одложување на плаќањата кон МКФ до средината на наредниот месец

Фудбал, ПМФЛ: Пелистер со три бода на „Телеком арена“

Битолчани го совладаа Работнички со 1:0 во дербито на 13 коло во Првата лига. Вардар ја совлада Брегалница во Кочани со 1:0, Шкендија подобра од Победа во Битола со 2:1. Скопските „црвено-црни“ останувааат на плус 7 од тетовските

Тетово на нозе: Вардар ѝ гостува на Шкендија

Почетокот на средбата, како и на сите останати од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, е во 14,30 часот. Останат ли вардарци непоразени, ќе останати и лидери на табелата, тетовци само со победа ќе го преземат врвот