Фудбал, ПМФЛ: Шкендија го покори Пелистер среде Битола

Тетовските „црвено-црни“ триумфираа „Под Тумбе кафе“ со 3:1 во рамки на деветтото коло од домашниот шампионат и дополнително се издвоија на врвот на табелата во однос Академија Пандев на второто место и Вардар на третото кој патем има и три меча помалку

Фудбал, ПМФЛ: Шкендија главна под Шара и, засега, во шампионатот

Со головите на Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, вицешампионот ја совлада Ренова со 2:0 и дополнително се издвои на врвот на првенствената табела пред Академија Пандев и Вардар кои имаат еден, односно, два меча помалку. Тетовци, патем, се единствени без пораз во конкуренцијата. Работнички ремизира против Силекс во дебито на Горан Станковски на клупата на „црвените“ од Градски парк

Убедлива најава од Вардар за Фенербахче: Победа „настрада“ во Ѓ.Петров

Црвено-црните“ подобри од прилепчани со 4:0 во второто коло од прволигашката конкуренција. Тигран Барсегјан во четвртата минута, Дамир Којашевиќ во судиското екстра време на првиот дел и Бразилците Итало во 68 минута и Луис Фелипе во 86 беа стрелци за македонскиот шампион за втора победа без примен гол во низа под водство на Чедомир Јаневски

Пандев за Академија Пандев: Прво стабилен прволигаш, потоа и во Европа

На денешната прес-конференција беа најавени амбициите на клубот за дебитантската сезона во македонската фудбалска елита, плановите за иднина, но и неколку новитети како „Горан Пандев Куп“ и „Горан Пандев камп“ што треба да тргнат од 2018 година и довршување на тренинг центарот во чии рамки ќе има и стадион за домашните мечеви

Фудбал, ПМФЛ: Вардар подигна 11. трофеј, Гроздановски заврши кариера

„Црвено-црните“ за крај одиграа 0:0 против Силекс, а пред почетокот на мечот, покрај збогување со поранешниот репрезентативец на Македонија, се разделија и со Благоја Љамчевски кој заминува од клубот. Благодарница му беше врачена на долгодишниот спортски новинар и коментатор во Македонската телевизија, Златко Калински, кој по 42 години работен стаж заминува во пензија

Фудбал: Вардар и Шкендија со гол до три бода, Работнички најефикасен

Победничкиот за скопските „црвено-црни“ против Силекс во Кратово го постигна Блажевски, Радески, пак, погоди за тетовските против Пелистер во Могила. Дебармаалци на „Телеком арена“ ја совладаа Брегалница со 3:1

Фудбал, ПМФЛ: Вардарци ставија рака на шампионскиот трофеј

Бранителот на титулата подобар од Пелистер на „Телеком арена“ со 3:1, Шкендија ремизира со Ренова (1:1), па скопските „црвено-црни“ сега имаат 11 бода повеќе од тетовските за кои Купот на Македонија останува опција за спас на сезоната