Browsing: ракомет

Металурзи славеа со 31:26 и го препуштија „фенерот“ во групата на домашната екипа. Филип Кузмановски најефикасен со девет гола, одличен меѓу стативите беше Арсиќ. Следен ривал за тимот од Автокоманда е Татран Прешов

Поубедлив, воопшто, е само тимот на Ференцварош кој во сезоната 1999/00 на домашен терен славеше над грчки Анагениси со 42:16. За вардарки ова беше 34 радост во елитата, петта во низа за израмнување на најдобрата клупска низа

Хрватската репрезентативка смета дека ЖРК Вардар во Будимпешта го одигра најдобиот меч досега. „Црвено-црните“, речиси, беа непогрешливи и нападите ги завршуваа со 56 отсто успешност и 90 отсто од прецизност на ударите.

Вардарки со камата го наплатија ремито од воведното коло во Скопје и ги декласираа Унгарките во нивната арена со 37:24. Лекиќ постигна 7 гола, Радичевиќ и Мавсар по шест за убедлив триумф и прво место во групата Б

Македонскиот шампион славеше со 40:34 во дербито на шестото коло во Лигата на шампиони и го презеде врвот на табелата во групата Б. Карачиќ најефикасен со 9 гола, по осум постигнаа Душебаев и Дибиров