Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Реал Мадрид
Баерн славеше во основниот дел од реваншот со 2:1 за продолженија во кои „кралскиот“ клуб постигна три гола и со 4:2 ја доби двочасовната фудбалска претстава на „Бернабеу“. Унгарскиот судија престрого го исклучи Видал во 84 минута и заедно со асистентите не видоа офсајд на Роналдо во 105 минута за израмнување на 2:2. Атлетико го елиминира Лестер
Велшанецот влече проблеми со листот на мускулот од средината на вториот дел во мечот на „Алијанц арена“ поради што го немаше во составот и против Спортинг Хихон во саботата, а според најавите би можел да го пропушти и „Ел Класико“ наредниот викенд
Каталонците загубија на гостувањето кај Малага со 2:0 и пропуштија прилика за бодовно израмнување со „кралскиот клуб“ и преземање на врвот на табелата
„Кралскиот клуб“ ја сочува лидерската позиција на табелата по триумфот над Легањес со 4:2, Каталонците за само осум минути на „Камп Ноу“ ги решија гостите од Андалузија за конечни 3:0
Ако е за верување на шпанската радио станица „Кадена Копе“, тимот од Кнежевството го одбил вториот финансиски напад од „Олд Трафорд“, „Марка“ и „Ас“ пишуваат дека ќе биде нов член на „кралскиот“ клуб. Интерес за 18 годишниот тинејџер и од Барселона, ПСЖ, Јувентус и останатите гиганти од англиската Премиерлига
„Кралскиот“ клуб ја совлада Барселона со 85:69 и на три гола до крајот на основниот дел на сезоната се врати на лидерската позиција на табелата пред ЦСКА Москва и Олимпијакос. Тимот од Пиреја по продолженија ја победи Црвена звезда со 66:64
Лани тој ја предводеше репрезентацијата до трофеј на ЕП во Франција, но и Реал Мадрид до тронот во Лигата на шампиони
Баерн М. ги декласира „топчиите“ и на „Емирати“ со 5:1 и со вкупни 10:2 се потврди како четвртфиналист во Лигата на шампиони, „кралевите“ подобри од Наполи и на „Сан Паоло“ со 3:1
Спасител на „кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“ беше Кристијано Роналдо со двата гола во 86 минута и во 89 минута за конечни 3:3. Каталонците сега имаат бод повеќе од мадриѓани, но и натпревар повеќе
Кралскиот клуб го совлада Вилјареал со 3:2 и остана лидер на табелата во шпанскиот шампионат. По двата гола што ги прими за седум минути, одговори со три за 20 минути и остана непоразен на гостувањето во шпанската провинција Кастелјон
Екипата од „Месталја“ подобра од „кралевите“ со 2:1 на големо задоволство на своите навивачи и особено на оние на Каталонците кои се враќаат во игра за титулата в Примера. Заза и Орелјана погодија за популарните „лилјаци“, Роналдо за мадриѓани
Баварците повторно кобни за лондонскиот премиерлигаш од „Емирати“ (5:1) и, слично како и ПСЖ, завршија работа уште во првата половина од осминафиналниот двомеч. Реал во Мадрид со пресврт го совлада Наполи со 3:1