Browsing: САД

По убиството на Џорџ Флојд, се вршат реформи и во непосредните постапки при задржување – гувернерот Ендрју Куомо истакна дека сојузната држава Њујорк треба да забрани задушување, додека гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам порача тамошната полиција да ги укине обуките за задржувања при кои се употребува стисок на каротидната артерија. Во Минеаполис локалната власт изгласа забрана за употреба на коленото за фиксација на осомничениот при апсење

Илјадници луѓе и синоќа протестираа во повеќе градови во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пред Белата куќа и по почетокот на полицискиот час. Во Вашингтон се засилува присуството на војската

Американскиот претседател, по седмата ноќ насилни протести во земјата поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, побара од гувернерите поостар пристап и се закани дека ќе ја испрати војската против демонстрантите

Протестите против полициското насилство по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд продолжија од Њујорк до Лос Анџелес. И пред Белата Куќа повторно имаше демонстрации. Претседателот на САД беше евакуиран во подземен бункер