Browsing: седница

Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција добија задолженија за изготвување на посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапување од мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки. Апликацијата „СтопКорона“ станува задолжителна во секое решение за изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Со инструментот, како што стои во владиното соопштение, ќе се обезбедат финансиски средства за буџетска поддршка на земјава во 2020 година и во 2021 година, но и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг. На вчерашната седница на владиниот кабинет бил усвоен и ребалансот на Буџетот за 2020 година

Претседателот на Собранието, пак, Талат Џафери во неколку наврати посочи дека не може да свика седница на Парламент што се самораспуштиил. Тој, како што велат од неговиот Кабинет, за иницијативата ќе се изјасни откако ќе пратениците ќе ја достават до него

Седницата во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е закажана за попладнево и во неа ќе учествуваат и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на ГШ на Армијата, Васко Ѓурчиновски

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања го темели оптимизмот врз основа на, како што рече, текот на дебатата во Комисијата за европски прашања и расположението кај пратениците