Browsing: Шкендија

„Црвено-црните“ одиграа 1:1 во финската престолнина и благодарение на победата со 3:1 во првиот меч во Струмица си обезбедија најмалку уште еден двомеч со подобриот меѓу Норчепинг и Тракаи. Домашните поведоа со автоголот на Радески, израмни Челиковиќ во 71 минута за нов голем успех на македонскиот вицепрвак на европската сцена

Реваншот меѓу финскиот претставник и македонскиот вицепрвак на стадионот „Сонера“ е со почеток од 18 часот. Тетовци имаат 3:1 од првата средба во Струмица и доколку минат во третото коло ќе играат со подобриот од двомечот меѓу шведски Норчепинг и Тракаи од Литванија

Тетовските „црвено-црните“ би играле со подобриот од двомечот меѓу шведски Норчепинг и Тракаи од Литванија доколу триумфот од 3:1 над Хелсинки биде доволен на реваншот во Финска. Дебармаалци, пак, во случај да го елиминираат Динамо Минск ќе одат на пресметки со Корк Сити или АЕК Ларнака на Даниел Мојсов и Иван Тричковски. Кипраните се поблиску до наредната рунда со оглед на минималната победа со 1:о на гостувањето во Република Ирска

„Црвено-црните“ го совладаа финскиот претставник со 3:1 во првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа за голем исчекор кон наредната рунда во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Македонскиот репрезентативец постигна два гола од белата точка и еден од игра за комплетирање на пресвртот во Струмица

Дуелот е закажан за попладнево (18 ч.) на стадионот „Младост“, реваншот е наредниот четврток. Тетовци во претходното коло ја елиминираа Дачија (3:0, 4:0), Финците беа подобри од велшки Конах (0:1, 3:0)

Тетовци го совладаа молдавскиот претставник и во реваншот со 4:0 и со вкупен резултат 7:0 (во првиот меч во Струмица славеа со 3:0) се пробија до второто квалификациско коло за Лига Европа во кое за противник го чекаат подобриот од велшки Конах и Хелсинки

Македонскиот вицешампион го совлада молдавскиот со 3:0 во првиот меч од првото квалификациско коло за мирен реванш на 6 јули во Кишињев. Стрелци за тетовци на стадионот „Младост“ во Струмица беа Бесарт Ибраими во седмата минута од пенал, Марјан Радески во 11. зголеми на 2:0, а истиот фудбалер во 75. го постави конечниот резултат

Први на терен ќе излезат тетовските „црвено-црни“ кои од 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе бидат домаќини на молдавска Дачија. Од 20,30 часот во Сан Марино, дебармаалци ќе гостуваат на тимот на Тре Пене, а битолчани од 20,45 часот ќе се пресметаат со полски Лех во Познањ

Тетовци се бранители на тронот, но гледаат и шанса за спас на сезоната кога веќе ја загубија првенствената битка со Вардар. Битолчани, пак, посакуваат реприза од 2001 година кога прв и единствен пат засега го подигнаа пехарот. Финалето е попладнево (17 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица