Browsing: СЈО

Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Фактот дека Законот за јавно обвинителство продуцира правда и праведно општество е поткрепен со уште еден аргумент во прилог на тоа дека, не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30-ти јуни, 2017-та обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо

Пред неколку месеци на едно ТВ интервју, тој конкретно беше прашан за предлог за државен обвинител. Зборуваше за човек со репутација, кредибилитет, кој што е репрезент на фелата, а тоа за него бил Владимир Панчевски. Дали лидерот на опозициската партија сè уште е на истиот предлог?

Јавноста во изминатата година слушна и за изначита за сите правни недоречености, слободни толкувања на правната материја и за „црни дупки“ во Законот за казнено право преку Т-случаите, кои годината ја почнаа во Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), а ја завршија во Основното Јавно Обвинителство (ОЈО)

Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму чекаат три неисплатени плати. Телефоните се исклучени, а нема ниту интернет. Вработените кои секојдневно одат на работа, алармираат дека освен платата што ја немаат земено, за институцијата не се платени ниту сметки за струја, ниту за кирија и сè поизвесно е дека зградата во која „бомбите“ требаше да бидат на безбедно, ќе остане без струја

Најавено е вршење на увид во пријавените промени на имотна состојба на обвинителите во СЈО. Случајот се најде на тапет и во Државното обвинителство. Тајноста на податоците за висината на бонусите делени во СЈО се клучен елемент кој фрла сомнеж на начинот на кој се исплаќале додатоци за доверливост, вели државниот обвинител Љубомир Јовески

Цел на истражителите, како што објавуваат медиумите, се договори за доверливост, за исплата на плати, на надоместоци, на бонуси и за вработувања во истрагата за евентуални финансиски злоупотреби

Германскиот амбасадор во интервју за МИА говори за шансите на Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, за Специјалното Јавно Обвинителство, за реформите, за регионот на Западен Балкан во фокусот на Унијата, за состојбите во неговата земја