Browsing: СП 2018

Скандинавската селекција го совлада Перу со 1:0 со погодокот на играчот на Лајпциг по асистенција на Кристијан Ериксен. Перуанците во финишот на првото полувреме не реализираа пенал и на крај скапо ги платија промашувања во првиот мундијалски настап по пауза од 36 години

Погодокот на Агеро во 19. минута го поништи Финбогасон во 23. минута и резултатот до крај остана непроменет. Меси не реализира пенал во 64. минута. Ударот од белата точка на ѕвездата на Барселона го одбрани Халдорсон

Франција ги совлада „сокероси“ со 2:1 со голот на Пол Погба во 81 минута, откако двете репрезентации добија по пенал од уругвајскиот судија Куња кој првиот го досуди по асистенција на ВАР технологијата

Пиринејските соседи одиграа 3:3 во олимписко Сочи, ѕвездата на Реал Мадрид го постигна 51. хет-трик во кариерата и стана само четвртиот играч што постигнувал голови на четири мундијали во низа по Уве Зелер, Пеле и Мирослав Клосе

Двапати меѓусебно играа на Светските првенства во футсал во 2012 година и во 2016 година, во 2014 година се судрија и интернационален турнир на песок, а попладнево (17 ч.) на „Крестовски“ стадионот во Санкт Петербург, Мароканците и Иранците за првпат во историјата ќе се пресметаат и на тревната подлога

За „фараоните“ денешниот меч ќе биде премиерен на големата сцена по речиси три декади, „ла селеста“, пак, се надева на прекинување на серија без победа во првите мечеви на мундијалите по 48 години. Мечот на „Екатеринбург арена“ е од 14 часот

„Зборнаја команда“ во воведниот меч на стадионот „Лужники“ ги декласира Саудијците со 5:0 (2:0) за враќање на насмевките на лицата на играчите, но и за самодоверба пред преостанатите два дуела со Уругвај и со Египет во групата А

„Триколорите“ ја освоија единствената, засега, мундијалска титула на свој терен во 1998 година. Загубија од Италија на пенали во финалето на СП 2006, а загубија и во финалето на ЕП 2016. Овојпат се решени да одат до крај за што, несомнено, имаат капацитет за такво нешто и се вбројуваат меѓу топ фаворитите за тронот ова лето

Пласманот на фудбалската репрезентација на мундијалот во Русија ја активира мобилната апликација за потреси во главниот град на што од сеизмолошката служба набрзо стигнаа смирувачки тонови дека почвата е мирна, а вклучениот аларм веројатно се должел на возбудата што ја зафати земјата