Browsing: СП 2019

„Фуријата“ славеше со 32:21 во меч што „заврши“ со нејзината серија од 5:0 на почетокот на второто полувреме. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но дозволија лесно бегство на европскиот шампиона, па утре попладне (18 ч.) низ директен дуел со Исланѓаните ќе решаваат за третиот патник од групата Б за место во главната мундијалска фаза

Ракометарите од 20.30 часот го играат четвртиот меч во групата Б на Светското првенство во Германија и Данска. „Фуријата“ е апсолутен фаворит, „црвено-жолтите“ ќе чекаат своја шанса за победа што ќе значи пласман во главната фаза уште вечерва. Во спротивно, место во Келн ќе бркаат утре попладне (18 ч.) во директен судир со Исланд

„Панцирите“ беа на чекор до победа (25:24) меѓутоа нивната радост ја расипа Тимоте Енгесо кој со завршниот удар во мечот ја „распара“ мрежата на Волф и извлече бод за бранителот на тронот со кој го задржа водечкото место на табелата во групата А

Како причини за убедливата победа над „црвено-жолтите“, хрватскиот селектор ги издвои одличното функционирање во одбрана, интелигентноста во нападот и подоброто снаоѓање во играта „седум на шест“

Голманот на Бенфика истакна доза на самокритичност, истакна и доза на приземност со оглед дека претстојат уште два (Шпанија и Исланд), даде дипломатски одговор за определбата да се напаѓа со „седум на шест“ со која подобро се снајдоа Хрватите и ја истакна потребата од фокусот на Шпанија (среда, 20.30 ч.) и на Исланд (четврток, 18 ч.)

„Коцкестите“ на Лино Червар славеа над составот на Раул Гонзалез со 31:22 (полувреме 16:11) во меч од третото коло во групата Б на ракометното Светско првенство во Германија и Данска. Утре е слободен ден на првенство, а настапите за „црвено-жолтите“ продолжуваат во среда од 20.30 часот против Шпанија

Балканското дерби во групата Б на ракометниот мундијал во Германија и во Данска е попладнево од 18 часот во „Олимпијахале“ во Минхен. И македонските и хрватските ракометари влегуваат ќе влезат во меѓусебниот судир со максимален ефект по првите две кола во групата Б

Европската селекција ја „замрзна“ јужноамериканската на -15 (31:16) во последниот меч од второто коло во групата Д, Шпанија лесно излезе на крај со Исланд (32:24) во вечерниот термин во групата Б во која игра и Македонија

Македонија ќе има некој час повеќе од едно деноноќие за рекуперација и подготовка за наредниот натпревар на СП во ракомет. Пресметката со Хрватите е утре попладне (18 ч.), а момент плус што може да оди во полза на составот на Раул Гонзалез е фактот дека „коцкестите“ ќе имаат некој час помалку со оглед дека денеска излегоа на терен со Јапонија во „Олимпијахале“ по македонската средба со вицепрвакот на Азија