Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: тенис
Русинката во три сета ја порази втората носителка Симона Халеп од Романија со 6:4, 4:6, 6:3 за продолжување на славеничките моменти при вечерните настапи во кариерата на централниот терен на гренслемот во Њујорк
Убедливи 6:0, 6:3 за третата носителка за пласман во второто коло во Њујорк, но и за продолжување на позитивната низа на победи и порази по Вимбдлон што сега е 16:2 во корист на 23 годишната девојка родена во Каракас, Венецуела
Најдобриот тенисер за 2016 година истакнал дека „болките се пресилни да може да го освои турнирот“. Притоа порачал дека во наредните неколку денови ќе донесе одлука за евентуален крај на сезоната
Австралијката Дестини Ајава, 152 на ВТА листата, овојпат беше подобра од 23 годишната тетовка со 4:6, 6:4, 6:3 во меч што траеше речиси час ипол
Комплицираната семејна ситуација во која се најде по породувањето е единствена причина поради која поранешната најдобра светска тенисерка го откажа учеството на американскиот гренслем што ќе стартува во понеделник. Според законот, таа не смее да го изнесе осуммесечниот Лео од Калифорнија каде е роден, а без него не сака да патува во Њујорк
За најдобрата македонска тенисерка ова ќе биде второ учество на последниот гренслем во сезоната. На Флешинг Медоу дебитира лани кога беше поразена на стартот од Катрин Белис од САД со 0:6, 2:6. Австралијката, пак, за првпат ќе настапи во Њујорк. Нивната пресметка е закажана за попладнево од 17 часот
Жанг од Кина беше подобра од чешката тенисерка со убедливи 6:2, 6:1, Бабош ја совлада Французинката со 7:5, 7:5, резултат со кој и Богдан ја елиминира петтата носителка од Русија
Шпанецот ја презеде лидерската позиција од Енди Мареј, кој ги пропушти турнирите во Монтреал и во Синсинати, и ја започна 141 недела во кариерата како најдобар светски тенисер. Плишкова остана број еден кај девојките благодарение на триумфот на Мугуруза на Мастерсот во Охајо
Бугаринот го искористи отсуството на седум тенисери од најдобрите десет на АТП ранг листата во Охајо и по триумфот во финалето над Ник Кирјос (6:3, 7:5) го освои највредниот трофеј во неговата кариера
Шпанската тенисерка едноставно беше немилосрдна кон Романката нанесувајќи ѝ го еден од најтешките порази во кариерата. Шампионката на Вимблдон загуби само еден гем во меч што се најавуваше и очекуваше да биде неизвесен и со три сета, а траеше само 56 минути, за конечни 6:1, 6:0
Австралиецот во полуфиналето го елиминира Давид Ферер со 7:6, 7:6, резултат со кој и Бугаринот беше подобар од Џон Изнер. За женскиот трон на турнирот вечерва ќе разигруваат Симона Халеп и Гарбине Мугуруза
Романката во полуфиналето ја декласира Слоун Стивенс од САД со 6:2, 6:1 и по вторпат во кариерата ќе атакува на титула на турнирот во Охајо, шпанската тенисерка убедлива против Каролина Плишкова со 6:3, 6:2