Browsing: Венко Филипче

Нема простор за паника, но мора да се почитуваат препораките и одлуките на надлежните институции и Владата. Не е исклучена можноста за затворање на шопинг моловите, но и на државните граници во зависност од тоа во која насока ќе се движи состојбата, порача министерот за здравство во вечерашното гостување на Нова ТВ во кое одговараше на прашања на граѓаните

Сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни. Заболените ќе останат во изолација и лекување во домашни услови. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, односно, да не бидат хоспитализирани“, порача првиот човек на македонското здравство

Двајцата странци, според минитерот за здравство, допатувале во Скопје на 28 февруари со летот на „Визер“ од Келн и отседнале во хотел во центарот на градот. Хотелскиот персонал ги алармирал надлежните за нивните симптоми и медицински екипи веднаш ги посетиле и земале брисеви чии резултати се очекуваат во текот на денот

Тој информира дека во изминатото деноноќие нема нови пациенти кои се тестирани за коронавирусот. Потсети дека вчера на Клиниката за инфективни болести се јавиле тројца пациенти, двајца патници од Италија и еден од Шпанија, кој престојувал во тамошни болнички установи за друга здравствена причина

Тестот кај едното покажа негативен резултат, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира министерот за здравство, Венко Филипче

Станува збор една петтина од вкупниот број на аптеки кои чекаат да бидат вклучени во мрежата за да можат да издаваат лекови на рецепт, откако министерот Филипче пред шест месеци најави дека од август ќе започне процедурата и со тоа ќе се реши проблемот со недостиг на лекови

Како следни приоритети, министерот за здравство ги наведе реконструкцијата на котларата во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Скопје и на покривот на Заводот за нефрологија во Струга. Паралелно со тоа е најавен и почетокот на градежните активности во Специјалната болница за респираторни болести во Отешево, изградбата на целосно нова амбуланта во општината Сарај и два целосно нови блока за болните во Психијатриската болница во Демир Хисар

Министерот за здравство истакна дека постојните мамографи се целосно сервисирани и во функција од средината на минатиот месец со што ќе се намали времето на чекање за потребниот преглед, а најави дека во тек е набавката на осум нови уреди