Browsing: ВМРО ДПМНЕ
Според лидерот на опозициската партија, предложеното законско решение за ЈО е неприфатливо, бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта
Шансите за донесување на законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, доколку државните интереси за евроинтеграција ги стави пред интересите на одредени нејзини партски членови за кои се водат постапки во редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното јавно обвинителство, изјави министерката за правда
ВМРО ДПМНЕ, според СДСМ, се обврза да достави конкретни писмени забелешки на текстот на законот за Јавно Обвинителство пред да се закаже средба на работните групи која би требало да се случи до крајот на оваа недела
Обвинувања за опструкции и негирања, непознавање на законите и делување во функција на матичните партии се белези на првите денови од работењето на ресорите каде има кадровски измени во техничката Влада што беше избрана на 3 јануари
Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање за време на претседателот Ѓорге Иванов. Мандатот му истече во 2017 година, а потоа продолжи да биде дел од професионалниот состав на агенцијата
Ова во ВМРО ДПМНЕ сигурно го знаеле, но ризикувале. Зошто Мицковски не предложил кандидат кој ги исполнува условите за министер, во случајов технички за МВР? – Дали Ковачки се користи како јадица, за понатаму да улови друг кандидат, во случај СДСМ да го одбие предлогот, што би било очекувано. Ако СДСМ не го прифати Ковачки, а има добра уставна причина за тоа, тогаш ќе му се отвори простор на ВМРО ДПМНЕ да предложи друго име, за кое СДСМ ќе нема многу време и причини да го оспорува затоа што ќе биде неопходно да се формира Пржинската влада, а при тоа Мицковски да предложи посигурен партиски член од неговото блиско опкружување
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил ја повика власта да не ги одложува работите и истакна дека „кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми“ на што СДСМ возврати дека опозициската партија треба да предложи друг кандидат затоа што доставениот предлог е спротивен на Уставот
Ковачки доаѓа од АРМ, има чин полковник, како професионалец учествувал во неколку мисии на НАТО и одликуван е со државни ордени за заслуги. Но, неговото назначување би можело да биде оневозможено според член 97 од Уставот кој вели – „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“
На предлог на Обвинителството, денеска требаше да бидат сослушани уште неколку сведоци, но двајца беа отсутни, а еден, во интерес на време, е презакажан за наредното рочиште на 28 јануари во 2020 година. Прашан дали има донирано средства на некоја политичка партија во 2011 година, сведокот Ацо Стојанов одговори потврдно и посочи дека во партијата има благајник кој ги прима донациите од кој некогаш добивал „каса прими“, а некогаш не
Тој го потврди отстранувањето на сликите со поранешниот претседател, Никола Груевски во партиското седиште, меѓутоа нагласи дека се отстрануваат и други на чии места се поставуваат ликови и содржини кои оставиле белег низ историјата
Не можам да ви ветам, посочи, дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, бидејќи тоа е невозможно, но можам да ветам најмалку 50 отсто почист амбиентален воздух за македонските граѓани, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски пред присутните на партискиот собир во СЦ „Јане Сандански“
За ДУИ беше коректен, за СДСМ натпартиски, за ВРМО ДПМНЕ ги продлабочил поделбите, а за движењето Беса избалансиран. Ова се…